Радно и социјално право
Проф. др Тодор Каламатиев, Социјални права на невработените лица со посебен осврт на правото.., Радно и социјално право, стр. 31-54, ХУ (1/2011)
повеке видови, помегу кои најчесто застапени се':: фрикционата, структурната, цикличната и скриената невработеност. Фрикционата невработеност претставува полесен вид на невработеност и трае пократок временски период. Таа се однесува на времето потребно за соодветно вработување на лицата кои завршиле со школувањето, а се однесува и на времето потребно за вработување од еден кај друг работодавач. Фрикционата невработеност, по правило се поврзува со динамиката на стопанството во една држава, а особено со промените во структурата на производството, кое нужно бара промена и на постојната работна сила. Структурната невработеност е потешка форма. на невработеност. Таа се однесува на некомпатибилноста на стручните квалификации, знаења и способности на работниците од една страна (како понуда на работна сила) со барањата на пазарот на труд (како побарувачка на работодавачите од работници со соодветен профил). Често пати, структурната невработеност е производ и на индустриска реорганизација и се јавува помегу воведување на нови технологиим. Цикличната невработеност е причинско – последователно поврзана со цикличните движења во економијата. Имено, невработеноста флуктуира во зависност од економската фаза во која се наога општеството, со тоа во случај на рецесија, невработеноста се зголемува, додека во случај на експанзија, невработеноста опага. И на крај скриената невработеност е карактеристика на социјалистичките држави, во кои се вработуваат повеке работници од потребниот број извршители, а со цел да се решат определени социјални проблеми.
Основна цел на овој труд е дефинирање и анализа на правата на невработените лица, кои претставуваат составен дел на т.н систем на осигурување во случај на невработеност. Институциите – носители на овој систем, како и самите осигуреници, располагаат со широк сет на права и обврски кои ги реализираат во рамките на овие социјално – правни односи. Кога говориме за социјално – правните односи кои се воспоставуваат помегу невработените лица и институциите надлежни за спроведување на социјалните права од осигурувањето во случај на невработеност, најчесто станува збор за јавно правни, односно управно – правни односи кои се воспоставуваат помегу поединците и институциите на државата>. Државата во посебен облик и со општи правни акти, го
1 Заова види: Затцејзоп А.Р. 6 Могаћанз У., Ekonomija, (prevodna 14 izdanie), Zagreb,1992, str.576,577; Heyne P.:The Ekonomic way of thinking,ninth edition, USA,199, str.483, 484 i http://en-wikibooks.org/wiki/Macroeconomics/Employment_and_ Unemployment ,
2 Dr. Marinko Ucur, “ Socijalno Pravo “, Zagreb, 2000
33