Радно и социјално право

Проф. Д-р. Тодор Каламатиев, Прегледни научни чланак“ редовен професор, Правен факултет UDK: 364:331.567(497.7) „Јустинијан Први“ - Скопје

СОЦИЈАЛНИ ПРАВА НА НЕВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПРАВОТО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ – КОМПАРАТИВЕН ПРИСТАП НА ЕВРОПСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ЛЕГИСЛАТИВА

Апстракт: Во трудот се анализирани социјалните ефекти на невработеноста како социјален ризик.

Во првиот дел од трудот, авторот укажува на системите на превенирање и санирање на невработеноста. Генерално се разликуваат два основни вида на модели за јавна заштита на невработените лица и тоа: модел на одржување на приходите и модел на активни програми. Во првата група спагаат моделите кон што на лицата без работа обезбедуваат парични права. Станува збор за осигурување во случај на невработеност, приватни штедни влогови при осигурување во случај на невработеност, социјална помош и отпремнини при престанок на работен однос. Вториот вид на модели за социјална заштита на невработените лица се активните програми, кои првенствено се сведуваат на обавување на некои дејности, активности. Станува збор за активните политики на пазарот на труд како што се: преквалификација, доквалификација, обуки, јавни работи и слично. Во овој дел од трудот е обработен моделот на осигурување во случај на невработеност, вкрстен со моделот на социјална парична помош, при што се потенцирани разликите помегу овиег два модела.

Вториот дел од трудот е позитивно правен и се однесува на осигурувањето во случај на невработеност во Република Македонија. Осигурувањето во случај на невработеност, претставува комплексна компонента во рамките на вкупниот

# Рад примљен: 20.06.2011. Рад прихваћен: 10.07.2011.

31