Народна милиција
беја уште во зародиш, беја уште слаби, за да можал да спроведат резултатни акцији за неговото ослободително дело. Заедно со това имаше и такви случаји кога некој од тије напредни движења, како што беше на пример тоа на бугарските — социјалдемократи од двете фракцији — широки и тесни социјалисти, кој што во својте апстрактно-интернационалистички схватања, го определува македонското национално движење ништо подруго од обично национално патриотско движење. Сосем разбирливо је дека, поради таквото ехвакајне на бугарската социјал-демократија неможеше да биде на лице онаја, помош во борбата на македонскиот народ за која што денеска, така шумно зборуват некој раководители на Бугарската, работничка партија (комунисти). Подоцкна во условите на тројниот дележ на Македонија, мегу Орбија, Грција и Бугарија, кога во новоизменетите услови и при релативното брзо нарастување на прогресивните демократски движења во тије земји и пред све во лицето на комунистичките партији во нив, вистинска, помош во својата најнова национално-ослободителна борба нашиот народ доби од Комунистичката партија на Југославија. Единствена од комунистичките партији во Балканските земји, КИЈ имаше најправилно, засновано на принципите на маркси„змот-љењинизмот и на практичниот пример со разрешувањето на националното прашање во првата социјалистичка земја на светот — Сојувот на Советските Социјалистички Републики, становиште кон македонското прашање и вопшто кон надционалното прашање во Југославија. Под водетвото на Централниот комитет и другарот Јосип Броз-Тито, Комунистичката партија, на Југославија години на ред водеше јасно оцртана, непримирима револуционарна борба не само за правилното теоретско поставување на националното прашање, но и за неговото револуционерно, марксистичко-љењинистичко докрајно разрешување. Уште во време на старата версајска Југославија, Партијата и другарот Тито секоедневно ги рушеја преградите што владеачкиот великосрпски хегемонизам со крвав терор и денационализација се мачеја да ги постават мегу народите на
Југославија. Уште во тоа мрачно минато, уште во онив паметни.
демонстрации на работништвото и напредните студенти по улиците на слободарскиот Белград растеше и се челичеше борбената солидарност на вистинските напредни сили на југословенските народи, а преку нив и на самите југословенски народи. Малу подоцкна кога железната пета на наглата хитлеровека, агресија ја прегази сломената, кралска, Југославија, Комунистичката партија на Југославија беше единетвена, политичка, сила, во земјата, која што најде опора во својте сопствени редови и во свовто сопствено револуционарно раководство да ги поведе народите на Југославија во велика татковинска Народноослободителна, борба.
Само со постојањето на таква револуционарна партија од нов тип само со постојањето на такво доследно, прекалено во низа борби против класниот непријател, револуционарно раководство, во лицето на ЦК на КИЈ и другарот Тито, основните маси на нашите народи и сите чесни родољуби во земјата можеја да се дигнат уште при првиот сигнал за, воражено антифашиско востанив — против фашиските окупатори и против домашните издајнички клики. Само таква партија и такво партиско раководство можеше да направи од сломена Југославија, горда земја на развихрена антифашиска борба и прв борбен сојузник на големиот и братски Советски Сојуз — раководната, сила на општиот антифалшниски фронт. Само таја партија и това партиско раководетво можеше да го подигне и македонскиот народ во Народноослободителна борба. И сосема природно е, дека поради сето тоа, тој народ за прв пат во својата, борбена историја најде вистинска, борбена раководна сила во авангардата на работничката класа на Југославија — Комунистичката партија и верни борбени сојузници во лицето на братскиот српски народ и останатите народи на Југославија.
Неоценима е историската улога на КПЈ за подигањето на народното антифашиско востанив во Македонија. Најјасно израснува таа улога уште во месеците непосредно пред објавувањето на востанието за ликвидација на издајничкото контрареволуционерно раководство на Методи Шаторов-Шарло, кој што одејки по линијата, на контрареволуцијата и издајството а подпомогнат и служејки за спроводувањето на директивите од некој раководители на Бугарската, работничка партија (комунисти) како Бојан Балгарјанов например, кој јто со сите сили се стремеја да го оделат македонскиот народ од борбената, заедница со останатите братски народи на Југославија. Шарловштината ви послужи со најдолни средства и со отворени реакционерни пароли за некаква Советска,. Македонија, ков што во битност неможеше да биде ништо различно од паролата не Ваншо Михајлов за »Независна Македонија«, со паролата за
предавањето на запазеното од војната оружје Ha окупаторот, со паролата за мирно чекање на денот кога во планина треба да одат народните борци а народните убијци, да ја признајат бугарската фашиска окупација како национално ослободување на Македонија. Застанат со таквото свов становиште не на некакви други повиции а токмо на позицијите на великобугарските шовинисти, кој што нанесоја крвави штети на македонскиот народ и на братскиот бугарски народ, таја нанесе неизбежно и штети на развитокот на Народноослободителното движење во Македонија. Тија штети можеја да се ликвидират и се ликвидираја единствено со укажаната на дело помош од Централниот комитет на КПЈ и другарот Тито, со пракајнето на другарот Лазар Кулишевски за неодложно организирање антифашиско востанив во Македонија. Спроводувајки ги доследно и решително револуционарните директиви на Централниот комитет на КПЈ другарот Кулишевески успеја да ја разбије шарловштината и да го овозможи понатамошниот успешен развиток на Народноослободителноте движење кај нас. Неоценима, в и заслугата брзиот разраст на народното востанив во Македонија, и на другарите Светозар Вукмановић-Темпо и Добривоје Радосављевић-Орце, кој што спроводувајки ги директивите на ЦК КИЈ и другарот Тито, ги мобилизараја отпорните сили на наши от народ за решителна борба против фашискиот окупатор и домашните окупаторски елуги во лицето на ванчомихајловите агенти чкатровци, гузеловци, китинчевци и цела низа од издајници на македонскиот народ. |
Денеска македонскиот народ со гордост си спомнува за величанствената епопеја кога на дело и со крфта на најдоблесените синови на наши от народ и на останалите југословенски народи, во борбената земја на Делчев и Сандански Ha Кузман и Карпуш, се калеше борбеното братство и единството на југословенските народи и се зацвренуваше Илинденската, традиција за братството и единството на македонскиот народ со националните малцинства во Македонија. Не еден син на српскиот, словеначкиот, црногорскиот и хрватскиот народ ја најде својата јуначка смрт во македонската намачена земја. Пе еден борец на косовските бригади во борбени јуриши водеше бој за слободата и борбеното братство на македонскиот народ со албанското малцинество. И спроти шовинистичките, антијугословенеките напади на шарловци и балгариновци, пак на теренот на македонската земја се изгради борбената, солидарнос мегу македонските партизани и најдобрите синови на братскиот бугарски народ. Батаљонот »Христо Ботев«, организиран на наш терен и со наша помош, за секогаш останува бесмртно дело на нашата братска. љубов кон бугарскиот народ, кон онаја, негова иднина, кога тој ке биде слободен од туторство на кобургите и великобугарските буржоаски клики.
Преку низа и низа крупни историски настани делото: на 11 Октомври израснува како вистинска, победа, на нашиот народ на неговото братство и единство со останатите народи на Југославија. Преломна дата во нашата историја 11 Октомври ги раскри идните светли перспективи на, нашата, земја, излезна победница, од крвавите огнови на Народноослободителната епопеја, Народна република Македонија смело зачекори кон својот творчески свестран восход. Титовеката, генерација на нашиот народ, подпомогната од сите чесни родољуби во земјата, успешно премина од периодот на обновата и изградбата во најновиот период, на периодот на социјалистичко преустројство на нашата, во минатото заостаната, земја. Во таја земја во која што цареја некогаш средновековните феудални односи на бегови и спахији и која што бевдушно беше експлоатирана од владеачките буржоаски клики на стара Југославија. — агентите на странскиот капитализам, се посилно одјекнува победничкиот трудов марш на иљадници трудбеници — херој на ослободениот, социјалистичкиот труд, за нови и нови победи во мирна социјалистичка. изградба, ва, BI U на Титовеката прва петолетка. Успесите и победите стекнати во текот на Народната револуција и во текот на револуционарното социјалистичко преустројство на земјата, кој што го имаат својот славен почеток на 11 Октомври 1941 година, израснуват денеска како победа, и својина не само на народот од Народна република, Македонија, но и на сите братски југословенски народи, на сите вистински демократски и револуционеврни сили во светот. Победничката својина, се тија успеси и за сите чесни патриотични Македонци на секаде во светот. Победничка својина и за нашите брака, од Пиринска и Егејска Македонија, кој што горди со грандиовното градивно дело на Народна република Македонија, уверено гледат во срекната утрешнина на целокупниот македонски народ,